САЛИ ЛИМАНИ



САЛИ ЛИМАНИ


Сали Лимани - Вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Република Казахстан,  со седиште во Нур Султан, од 01 декември 2020.

Oд март 2022 и на Република Киргистан.

 

БИОГРАФИЈА 

роден на 17.06.1979 во Тетово, Република Северна Македонија. 

Дипломира на колеж и бакалаверска степен во Факултетот за јавно здравје и здравствен менаџмент, Медицински универзитет, Софија, Република Бугарија во 2003 година,

а во 2013 година, магистратура на МБА маркетинг менаџмент, при Универзитетот на Југоисточна Европа, Тетово, на магистерската теза “Улогата на комуникациските вештини и моќта на лидерството“. 

Во своето работно искуство, Сали Лимани е Почесен член на Управниот одбор на Виенски економски форум, Vienna Economic Forum, Stubenring Vienna, 

а од 2017 до крајот на 2019 беше личен надворешен советник за односи со јавноста и медиуми на Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија. 

Во делот на државните институции, бил ангажиран и во рамките на локалната самоуправа, како личен советник на Градоначалникот на општина Тетово, каде имал советодавна улога и асистенција во делот на развивање на надворешната соработка на Општината и одржување на контакти и соработка со странските амбасади акредитирани во Република Северна Македонија.

Исто така, учествувал во работната група за контрола на насилен екстремизам (CVE) кое што се организира од државнијот одел на САД.

Учествувал во мултирегионален проект за медиуми и стратешко планирање на медиумски пораки.

Во приватниот сектор, долго години работеше како продуцент на филмска продукција, супервизор на инвестиции, услужни решенија, управување и развој во приватна фирма - Диселдорф, Германија.

Исто така е поранешен Генерален управител во Лara Entertainment, Диселдорф, Германија и продуцент на неколку филмски проекти, извршен продуцент, супервизор на филм.

Зборува албански (мајчин јазик), македонски, англиски, германски, бугарски, арапски, српски, хрватски и руски, елементарни познавање на Турски јазик.